Во Радовиш се санираат штетите од вчерашното невреме што го зафати градот и населените места.

Силниот дожд, кој врнеше неполн час и надојдените води предизивикаа оштетувања на повеќе улици во градот, оштетени се покриви на куќи, поплавени е еден угостителски објект и има наноси на повеќе сообраќајници во градот.

Според градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, невремето предизвикало големи штети и од денес па до 25 овој месец граѓаните можат да ги пријавуваат штетите.

- Уште еднаш се покажа дека Радовиш е место кое е подложно на поплави и досега ништо не е направено нешто да се промени. На повеќе места околу градот нема никаква регулација на вакви поројни врнежи и затоа како општина и со помош од Владата мора да ги решиме овие проблеми, рече Конзулов.

Попладне Советот на општина Радовиш одржа итна седница на која беше разгледана информацијата за вчерашното невреме и предизвиканите штети.

Механизацијата и екипите се на терен и ги расчистуваат наносите од улиците во градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 01:24