Искористување на капацитетите на програмата за партнерство на САД во регионален план, е темата на годишната конференција во Гармиш Партенкирхен, во Германија на која денеска заедно со Националните гарди од 22 држави на САД и генералштабови на армиите на партнерските земји од Европа учествуваше и началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.
На конференцијата се дискутирало за остварените резултати од партнерската програма и понатамошни планови за унапредување на заедничкото партнерство по јулскиот самит на НАТО во однос на подобрување на воените капацитети и интероперативноста.
Како што соопшти АРМ, генералот Величковски за време на одржувањето на конференцијата остварил повеќе средби со високи воени претставници од ЕУКОМ, команданти на НГ на сојузните држави на САД и со НГШ на партнерските армиите учеснички на конференцијата при што се разговараше за понатамошно унапредување на меѓусебната воена соработката.
Програмата за партнерство на НГ на САД со армиите на земјите во зоната на одговорност на ЕУКОМ е започната во 1993 година, кога и АРМ иницијално ја започна партнерската воена соработка со НГ на Сојузната држава на САД-Вермонт, со што се вбројува меѓу единаесетте најстари партнерски соработки од оваа програма.