Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска присуствувше на свеченото промовирање на нова генерација дипломци на Машинскиот факултет во Скопје.
Адеми, како што информираат од МОН, на новите инженери им честитал за стекнатите знаења и вештини, за кои како што рече, верува дека многу ќе им помогнат во обезбедувањето на соодветно работно место во што покус временски период.
- Студентите кои го завршуваат образованието на Машинскиот факултет во Скопје, не добиваат само дипломи со оценки, туку, тие од тука заминуваат со знаења, вештини, компетенции со кои се конкурентни на пазарот на труд, не само во Република Македонија, туку и надвор од неа, изјави Адеми, додавајќи дека инвестирањето во знаењето е правилна одлука и основа за успех на личен и професионален план.
Министерот за образование и наука, се вели во соопштението од МОН, се заблагодари на менаџментот и на наставно – научниот кадар на факултетот за тоа што создаваат квалитетен кадар кој е потребен за придвижување на општествено -економските процеси и им посака да продолжат со успесите во образовната и наставно-научната дејност.