З.С. вчера во 13:15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, пријавил дека бил погоден со една дијабола во пределот на раката додека се движел по улицата „Борка Талевски“.
По преземени мерки било утврдено дека лицето кое пукало од воздушна пушка е Ѓ.С.(63) од Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица, а пушката била одземена. По целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.