По неколкуте видеа споделени на социјалните мрежи на кои се гледа крадење на точак на јавни места, денеска повторно се појави ново видео.

Овој пат се работи за крадење на точак во Ченто, а девојката која го објави видеото напиша:

„СПОДЕЛЕТЕ! Господинов лопов е од Ченто, позади Дане Крапчев живее. Тони го викале а се вика правилно Фетим. Му бевме ама не беше дома, сеуште не дошол дома. Така да Чентовци особено вие, а и вие другите доколку го видите ве молам одма пишете, јавете се или ако можете земете му го, ве молам!“



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 03:58