Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ја организира традиционалната манифестација „Празник на липите“ на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ кои македонската писателска асоцијација ги доделува за исклучителен поетски опус.

Годинашни добитници на наградата се македонскиот поет Видое Видичевски и поетот од Романија Ѓеорѓе Добре. За поезијата на Видичевски ќе зборува Раде Силјан, а поезијата на Романецот Добре ќе ја претстави Ермис Лафазановски.

На настанот ќе биде врачена и плакета на поетесата Мирјана Тренчева, добитник на наградата „Даница Ручигај“ за 2017 година.

На поетскиот митинг ќе бидат читани песни и есеи испратени на анонимниот конкурс на ДПМ и ќе бидат врачени плакети на авторите чии дела стручно жири ги избра за најуспешни.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 11:09