Непознати сторители оштетиле два споменика во алејата на народните херои во Маврови Анови. Бронзените портрети се искорнати од постаментите и фрлени во непосредна близина.

Според информациите на СВР Тетово, оштетувањето на споменичните облележја на борците во НОВ Чеде Филипоски и Злате Малакоски било пријавено претпладнево околу 11 часот.

- Во полициската станица Маврово утрово е пријавен таков случај по што на местото е испратена увидна екипа. Повеќе информации за овој случај ќе има во текот на денот, информираат од СВР Тетово.

Во алејата на народните херои пред околу педесетинатина години поставени се споменични обележја со бисти на народни херои од мавровскиот крај.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 14:32