Такси возач од Скопје вчера на „Партизанска“ бил нападнат со боксови по глава, а добил и удар со шише од двајца патници откако не им дозволил да запалат цигара во автомобилот. Напаѓачите побегнале, а на таксистот му била укажана лекарска помош.

Како што е наведено во полицискиот билтен, во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) од Скопје-такси возач, пријавил дека вчера околу 1:20 часот на бул. „Партизански Одреди“ во патничко возило бил физички нападнат од две непознати лица. Двете лица се качиле во такси возилото и сакале да запалат цигара, но тој не им дозволил. Откако стигнале до булеварот „Партизански Одреди“ едно од лицата почнало да го удира по глава, а другото лице со стаклено шише го удрилo во пределот на главата, по што и двајцата побегнале. На Ч.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 15:36