Директори на повеќе основни и средни училишта во Гостивар ја обвинија локалната самоуправа дека општината не ги префрлила парите за тековно одржување на објектите и дека заради тоа неколку се исклучени од електричната мрежа.
На прес-конференција попладнево пред седиштето на општината директорите нагласија дека помеѓу нив и локалната власт нема соработка на потребно ниво со што настануваат проблеми кои го кочат функционирање на образовните установи во општината.
- Повеќето училишта останаа без струја, затоа што општината ги нема префлено средствата наменети за тековно одржување. Недостигот од соработка не е добра работа со оглед дека општината е должна да се грижи за редовното и нормално одвивање на образовниот процес. Ние бараме да се почитува закнот за образование и дневната политика да се стави на страна, рече Агрон Алили, директор на средното медицинско училиште во Гостивар.
Ибрахим Асани, директорот на средното техничко училиште во Гостивар, упати апел до општинските власти да престанат со опструкции кон училиштата и најави дека за состојбите ќе бидат известени државните органи надлежни за образование и до просветниот инспекторат.
Од општина Гостивар не ги коментираат обвинувањата кои ги упатија директорите од денешната прес-конференција. Без напојување со електрична енергија заради неплатени сметки од денеска е и спортската сала „Младост“. За овој случај од општината го обвинија монозинството во советот кое не ја изгласа одлуката за префрлање на 500 илајди денари на претпријатието кое управува со салата.