Објавен јавен повик за субвенции во рибарството. Средствата се одобруваат за повеќе мерки и за изградба и реконструкција на риболовни пунктови и рибници. Повикот трае до 9-ти јули. Финансиската поддршка е неповратна и изнесува од 50 до 65 проценти во зависност од возраста и полот на апликантот и местото на инвестицијата...

Сопстевениците на рибници може да поднесуваат барање за субвенционирање на производството. За изградба на нови и реконструкција на постојните риболовни пунктови се предвидени еден милиони денари, за опрема 1,5 и еден милиони денари за изградба и реконструкција на мандрите за традиционален лов во Дојранско Езеро.

Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со платежната Агенција. Корисници на средствата за изградба на нови капацитети може да бидат фирми кои се регистрирани за дејност во рибарството , кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да го изградат рибникот и кои имаат дозвола за користење на вода.

Финансиката поддршка е по принципот на ко-финансирање и му се исплаќа на корисникот по завршувањето на инвестицијата во висина од 50 проценти од прфатените трошоци. Стапката на ко-финансирање се зголемува до 65 отсто доколку се работи за млади стопанственици, за жени и за нерзавиени ридско-планинско подрачја. Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 9-ти јули 2018-та година, а доколки има помалку средства од поднесените барања предност ќе имаат оние кои први аплицирале.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 03:54