Дебар ќе добие Аквапарк, најсовремен и единствен од ваков вид не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот.

Сместен во кругот на бањскиот локалитет во Косоврасти, на „Дебарски Бањи-Цапа“, покрај прекрасното Дебарско Езеро, претставува уникатно место на незаборвани мигови во базените со тремоминерална вода рангирана на прво место во Европа по нивната лековитост.

- На површина од шест илјади квадратни метри се дава неограничена забава во базените со најинтересните и нјаиновативните атракции. Дизајниран од најпрофесионални архитекти ги исполнува највисоките стандради. Аквапаркот не нуди само базени, туку и еден современ центар за Спа и Велнес. Нашиот Аквапарк е единствен во Македонија, но и соседните земји. Вакви нешта има во Хрватска и Словенија, вели Трим Ќемали, заменик извршен директор на „Дебарски Бањи-Цапа“.

Аквапаркот, кој свечено ќе биде пуштен во употреба попладнево, меѓу другото располага со отворен полуолимписки базен, отворен базен за деца со различни забавни точки, многубројни атракции на вода, како хидромасажер со притисок и воздух, џакузи, пештера, водопад, сауна со инфрацрвени зраци, турска бања со пареа, бар и тераса со поглед езеро...

Надалеку познатитепо својата лековитост Дебарски бањи, по приватизацијата во 2004 година бележат постојат раст на гостите, како домашни така и странски. Тоа, како резултат на големите вложувања во осовременување на капацитетите. Годишно во просек реализираат над 80 илјади ноќевања, од нив дури 60 отсто странски гости.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 11:21