Во Кичево денеска се одржа полагањето на регионалниот ловечки испит за општините Кичево, Македонски Брод и Дебар. Двата дела од испитот, теоретски и практичен, се полагаа во ист ден и резултатите ќе бидат соопштени преку ловечките друштва.
Организатор на полагањето на ловечкиот испит е Министерсвото за земјоделство, шумарство и водостопансво, а претставникот Есат Реџепи соопшти дека од Кичево за полагање на испитот имало 104 пријавени, десет од Македонски Брод и осуммина од Дебар.
- Испитот се полага со цел да се провераат знаењата на потенцијалните ловџии, бидејќи за да станеш ловџија треба да се има барем основното потребно знаење, изјави Реџепи.