Обвинувањата на директорите на училиштата кои вчера на прес-конференција се пожалија дека објектите им останеле без струја поради непрефлени пари, Општина Гостивар децидно ги отфрла нагласувајќи дека станува збор за недомаќинско работење.
Во демантот кој денеска е испратен до медиумите се наведува дека Општина Гостивар освен блок-дотациите на училиштата им префрла дополнителни средства од општинската каса на основните и средните училишта
- Од почетокот на мандатот на општинското раководство до денес на име блок-дотации за основни и средни училишта на Општина Гостивар ѝ се префрлени вкупно 275.930.033 денари, додека вкупните трошоци за оваа намена изнесуваат 280.330.703 денари. Тоа подразбира дека Општина Гостивар од основниот буџет за основни и средни училишта издвоила 5.136.945 денари, односно над 84.000 евра, се наведува во демантот.
Според општинарите, искажаните ставови на дирекотрите на прес-конференцијата вчера се неосновани и политички инстриурани.
- Вината за настанатата ситуација треба да ја бараат во нив, бидејќи тоа е последица на нивната неспособност и лошо менаџирање, карактеристика што ја следи политичкиот субјект кој тие го претставуваат, нагласуваат од општина Гостивар.
Освен за училиштата, од општинската каса се издвојуваат уште седум милиони денари за градинките и за други намени кои треба да бидат покриени од блок-дотации од централно ниво.