Авионското прскање против комарци шо требаше да се изврши на 17 јуни, одложено е за 27 јуни, соопшти Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, кој во соработка со десетте општини од регионот го организира авиотретирањето против комарци.

Оттаму ги информираат граѓаните дека прскањето ќе се изврши в среда рано наутро, од 4.30 до 9.30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, тоа ќе се спроведе наредниот ден во истиот временски период.

Сопствениците на пчелни семејства се известуваат да преземат соодветни мерки за заштита, односно во време на прскањето да ги затворат пчелите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 14:21