Министерството за култура соопшти дека почнува јавна расправа по текстот на Нацрт-законот за јавен интерес во културата, кој го објави на својата веб-страница www.kultura.gov.mk.
Јавната расправа е отворена до 29 јуни и сите засегнати субјекти и институции се повикуваат да ги пратат своите предлози и сугестии на е-адресата: nacrtzakon@kultura.gov.mk.