Со доделување на наградите за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка, гран-при за најдобра претстава во целост и нововостановената награда за уметнички впечаток, вечер ќе заврши 5. Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ кој од 18-ти месецов го организираа Општина Аеродром и Театар Комедија.
На програмата на фестивалот, кој се одржуваше во Спортскиот центар Ново Лисиче, годинава беа седум претстави. Четири во продукција на театри од Македонија: „Синиот портокал“ на Велешкиот театар, „Умри машки“ на Народен театар Штип, „Дванаесеттата ноќ - спроти Водици“ на Театарот „Антон Панов“-Струмица и „Тоби“ на Театарот за деца и младинци, а три претстави беа гостински од Босна и Херцеговина и од Србија: „Једваносимсобоакаломистобо“ на Саревскиот воен театар „Сартр“ од Сараево, „Госпоѓа министерка“ на Народен театар Ниш, „Кидај из моје кухиње“ на Театарот од Шабац.
По прогласувањето на победниците на „Гола месечина 2018“, вечер пред публиката ќе настапи стендап-комичарот Марјан Ѓорѓиевски, а фестивалот со обраќања ќе го затворат градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин и директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски.