Рекреативна донаторска трка на пет километри ќе се одржи вечер низ улиците на Прилеп.

Трката под мото „Трчаме заедно за лицата со церебрална парализа“ ја организираат општина Прилеп, компаниите „Гентерм Македонија“, „Комфи Ангел“ и Регионалната стопанската комора од Прилеп.

За учество на донаторската трка досега се пријавени повеќе од 1.000 учесници, од кои 400 се од прилепската конфекција „Комфи-ангел“. Носител на иницијативата е „Гентерм.

За секој учесник прилепската локална самоуправа обезбеди благодарници за нивниот хуман гест. Котизацијата за учество на донаторското трчање е 100 денари, а средствата се наменети за набавка на дел од потребната опрема за Дневниот центар за лица со церебрална парализа, што ќе биде отворен во јули.

Инаку, како што информираат од прилепската локална самоуправа, реконструкцијата на објектот е при крај, а секое донаторство е добродојдено. Покрај Министерството за труд и социјална политика, со средства учествува и општина Прилеп и за првата фаза од локалниот буџет издвои 2,5 милиона денари. По Скопје, Прилеп ќе биде вториот град во државава, кој ќе отвори ваков центар, со капацитет на згрижување од 25 до 30 штитеници.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:18