На локалниот пат с.Брест-регионален пат Штип-Радовиш, вчера околу 18 часот се случила сообраќајна незгода меѓу „Голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од селото Брест и „Фиат Пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице.
- Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција, физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото „Фиат Пунто“, кои потоа му го одзеле автомобилот и избегале оставајќи го нивното возило на лице место, наведуваат од МВР.
Одземеното возило „Голф 3“ било пронајдено во близина на село Брест.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.