Македонските ракометари беа совладани од Египет со 28:34 на Медитеранските игри. Ова е втор пораз на македонската ракометна репрезентација во Тарагона, откако вчера загуби и Турција со 26:29.

Македонија во Шпанија допатува со комбинираниот репрезентативен состав, кој го предводи помошникот на селекторот Раул Гонзалес, Роберто Гарсија Парондо.

Македонските ракометари добро го започнаа натпреварот, но набргу Египет ја презеде контролата над играта и речиси постојано одржуваше водство кое на крајот резултираше со победа.

Македонија утре во 18:30 часот ќе игра против Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 03:15