Триесетина универзитетски професори, научни работници, театролози и театарски критичари од земјава и од странство денеска и утре ќе учествуваат на симпозиумот на тема: „Српската драма и театар во Република Македонија од 1945 до денес“.
Симпозиумот е во рамки на истражувачкиот проект „Европската драма и театар во Македонија“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности-ЕФТА.
Учесниците ќе го сублимираат седумдецениското присуство на српскта драма и театар на професионалните театарски сцени и фестивали.
Досега се одржани два симпозиума посветени на германската и бугарската драма и театар и се објавени зборници од поднесените реферати во издание на Институтот за сценски уметности.
Универзитетот ЕФТА соопшти дека наесен проектот ќе продолжи со симпозиум посветен на италијанската драма и театар, кој ќе биде организиран во соработка со Фондацијата „Чини“ од Венеција.