Почина пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, која е родена во Скопје и живееше во Виена. Таа е потомок на основоположникот на македонската лингвистика Крсте Петков Мисирков и имаше богата интернационална кариера.

Од 1987 до 1989 година Мисиркова била професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Од 1997 до 2002 година работела како асистент по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а потоа предавала пијано и во австриската престолнина.

Мисиркова беше прва македонска уметница која имаала солистички концерт во „Карнеги хол“ во Њујорк. Имаше голем број настапи на значајни фестивали во Македонија, Австрија и низ светот, а во 2007 година и беше доделена титулата почесен амбасадор на македонската култура во Австрија.

Во 2016 година ја доби државната награда „11 Октомври“. Беше дел и од иницијативата „За заедничка Македонија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 11:24