Единаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово околу три часот се случила на патот Струмица граничен премин Ново Село, на излезот од селото Дабиле, потврдија од струмичката полиција.

Две од повредените лица се со потешки повреди, а останатите со полесни.

Според очевидци, во сообраќајната несреќа учествувале трактор и две патнички возила, мерцедес и ауди.

Истрагата во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 11:49