Триесет и едногодишниот скопјанец Р.Ј. синоќа во 20:00 часот управувајќи мопед „Кивеј“ со скопски регистарски ознаки паднал на коловозот на ул. „28“ во село Сопиште, при што се здобил со тешки повреди.

Како што е наведено во полицискиот билтен, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 11:53