Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.М. (32) од струшкото село Радолишта.

СВР Охрид соопшти дека лицето казненото дело го сторило на 17 овој месец на локален пат пред селото Долна Белица.

- Со патничкиот автомобил што го управувал и го попречил патот на Б.И.(19) по што се случила вербална расправија со Ш.К.(23), кој бил повикан на местото на настанот. Расправијата набрзо прераснала во физичка пресметка, по што, М.М. со нож го прободел Ш.К. во пределот на слабината и му нанел телесна повреда, стои во информацијата од СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 13:52