Автоматска пушка и рамка со куршуми се пронајдени во домот на Б.И., 38-годишен жител на село Черкези, Кумановско, по извршен претрес со судски налог од страна на полицијата.
Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
- На 22.06.2018 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом во село Черкези при што биле пронајдени една автоматска пушка со две рамки со 45 куршуми калибар 7,62х39 мм, посочуваат од МВР.
Од страна на Судија на претходна постапка на Б.И. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.