Двајца загинати и 17 повредени мигранти е билансот на сообраќајната незгода што се случи попладнево околу 16:40 часот на магистралниот пат Радовиш - Штип во близина на рудникот Бучим.
Од СВР Струмица потврдија дека собраќајката се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда од мост. Возачот избегал од местото на несреќата.
Единаесет од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, а шест во Општата болница во Радовиш.
Според полицијата, има индиции дека бројката на мигранти во товарното возило била поголема, но оти тие избегале по несреќата.
Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот е нормализиран за патнички возила, но не и за тешки товарни возила и автобуси.
ФОТО: Архива