Поради недисциплина, недолично и неодговорно однесување, манифестирано во Медитеранското село, ноќта по последниот натпревар на македонските одбојкари против Шпанија, делегацијата на Македонскиот олимписки комитет одлучи заради овој немил настан, машката одбојкарска репрезентација пред време да биде вратена во Скопје, соопштија од Македонскиот олимписки комитет.

Според неофицијални извори, македонските одбојкари се забавувале покрај базенот во комплексот каде што биле сместени до доцна во ноќта. Неколку пати биле опоменати бидејќи им пречеле на другите спортисти, но тие не заминале во своите соби.

МОК добил поплаки од неколку други делегации кои се пожалиле на однесувањето на одбојкарите по што е донесена одлуката одбојкарите порано да бидат испратени дома.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 01:50