Употребата на дроги од социјален, културен, здравствен и правен аспект, како и практиките за намалување на штети е темата на денешната панел дискусијата насловена „Рекреативна употреба на дроги“ во организација на ХОПС (Helthy Options Project Skopje).

Конференцијата која се оддржува по повод одбележувањето на почетокот на кампањата Support. Don't Punish.,има цел преку дискусија да ги опфати најбитните моменти од употребата на дрогите. Модератор на панел дискусијата е Давор Смиланов – доктор на медицина и долгогодишен соработник во ХОПС. Говорници ќе бидат Ивана Драгши социолог, диџеј, активист за човекови права, Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини како и Дарко Костовски - психијатар.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 10:50