Најновиот роман на поѕнатиот српски романсиер Владимир Пиштало „Сонцето на овој ден - писмо до Андриќ”, кој годинава беше во најтесниот избор за роман на годината на белградски НИН, е објавен на македонски јазик во издание на „Везилка 2011“ и превод на Ристо Лазаров.
Владимир Пиштало (1960) е еден од најзначајните и најпреведувани современи српски писатели, добитник е на наградата на НИН и на Наградата за најчитана книга во библиотеките на Србија. Неговиот роман „Тесла, портрет меѓу маските” е преведен на тринаесет, а романот „Милениум во Белград” на шест јазици.