Најдобрата данска тенисерка Каролина Вознијацки на организаторите на Вимблдон им порача дека поранешната најдобра тенисерка на светот Серена Вилијамс заслужува да се најде меѓу носителите на турнирот.

Вилијамс во текот на нејзината кариера има освоено седум титули на Вимблдон, но сега е на 181-та позиција на ВТА листата, бидејќи изминатата година и половина одигра многу малку натпревари заради породилното отсуство.

Американската тенисерка не беше меѓу носителите и на Ролан Гарос, но таму стигна до четвртото коло по што се повлече поради повреда.

- Серена е најдобрата тенисерка со која сум играла. По толкав број титули и фактот дека повеќе години беше најдобра на светот, таа заслужува да биде носител, истакна Вознијацки.

При одредување на носители на Гренд слем турнирите воглавно се гледаат АТП и ВТА листите, а тенисерките во случај на породилно отсуство немаат заштитено рангирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 00:35