Македонскиот борач Дејан Митров освои бронзен медал на Медитеранските игри во Тарагона.
Митров, кој се натпреварува во слободен стил во категоријата до 74 килограми, успеа со 3:1 да го совлада Мохамед Будра од Алжир.
За Македонија ова е четвртиот трофеј во Тарагона, прв од друг спорт покрај каратето.
Претходно каратистот Берат Јакупи освои златен медал, а Жарко Арсовски и Ненад Келебиќ се закитија со бронза.