Шестмина мигранти кои беа поврдени во сообраќјна несреќа кај радовишки Бучим денеска поради добрата здравствена состојба ќе ја напуштата штипската Клиничка болница, во придружба на полицијата, информира на денешната прес-конференција директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев. Останатите шест пациенти, кои имаат посериозни повреди, како што се скршеници на карлица, екстремитети ќе бидат задржани на болничко лекување.
- Според она што е договорено болничкото лекување на пациентите, кои се странски државјани од Бангладеш и Шри Ланка ќе го покрие Меѓународниот центар за миграции, вели Ѓеорѓијев.
Тој истакна дека вчера попладнето со помош на толкувач, кој го знае нивниот мајчин јазик утврден е идентитот на повредените мигранти. Ѓеорѓијев забележа дека ги следат и препораките од Центарот за јавно здравје во делот на хигиената.