Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ф.К.(26) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“.

Пријавениот, како што е наведено во соопштението на охридската полиција, физички ја нападнал својата сестра и и нанел повреди.

- Пријавениот, казненото дело го сторил на четврти овој месец во 08 часот и 30 минути во семејна куќа на улицата „Бекир Али Риза“. Тој физички ја нападнал својата сестра влечејќи ја и гребејќи ја со раце, со што и нанел повреди изразени во гребаници и отоци на рацете, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 14:20