Електрани на Македонија ќе додели пет стипендии на студенти од Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Ова е договорено денеска во рамки на потпишаниот договор за соработка меѓу двете институции.

- Како општествено одговорна компанија им помагаме на младите луѓе, посебно во делот на продуцирањето на квалитетни кадри од областа на техничките науки, за кои сметаме дека ќе бидат столб на економијата и енергетиката во наредниот период од државата, изјави директорот на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Блажо Боев појасни дека стипендиите ќе се доделуваат по критериуми на ЕЛЕМ. Месечната висина на стипендиите ќе изнесува 6.000 денари.

Студентите од Електротехничкиот факултет ги извршуваат сите теренски наставни активности на објектите на ЕЛЕМ, за што постои долгогодишна соработка меѓу двете институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 16:12