Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши настапот на турнирот во шведскиот град Бостад.

Ѓорческа во осминафиналето претрпе пораз од американската тенисерка Ели Кик со 0:2 во сетови.

Македонската тенисерка на овој турнир се пријави само во поединечна конкуренција.

Турнирот во Бостад се одржува на земјена подлога и има вкупен награден фонд од 25.000 американски долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 16:16