Претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат при Младинскиот образовен форум премиерно ќе биде изведена вечер во кино „Фросина“ во Младински културен центар.
Станува збор за претстава за талкањето на сириските бегалци. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји.
Текстот на претставата е на Милош Андоновски, а режијата на Дени Стојанов. Улогите ги толкуваат Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ива Цветановска, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска. Влезот за претставата е бесплатен.