Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод смртта на Перо Ивановски – Тиквар, упати телеграма со сочувство до Сојузот на Борците на Република Македонија.
- Великанот на НОВ и учесник на Првото заседание на АСНОМ, Перо Ивановски остави неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за ослободување, самобитност, државност и независност на татковината , се наведува во телеграмата од премиерот Заев.
Воедно, се нагласува дека преданоста кон идеалите и борбата за поубава и слободна Република Македонија, животниот пат на Ивановски го прават судбински испреплетен со патот на нашата татковина.
Перо Ивановски – Тиквар е роден 1920 година во Прилеп, бил учесник во НОВ, како и учесник на Првото заседание на АСНОМ.