Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Д.(26) од Охрид.
Тој, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сторил на 25 април оваа година на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид.
- Движејќи се зад невенчаната сопруга и упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи и чувство на страв, вознемиреност и несигурност. Во еден момент, сега пријавениот А.Д. почнал и да ја влече за коса по што избегал од местото на настанот, се вели во соопштението.