Македонските стрип-автори Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев денеска, на отворањето на тридневната 20-та Балканска смотра на млади стрип-автори во Лесковац, Србија, ќе ја претстават монографијата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски 'Дневник'“.
Стрип-авторот Никола Темков, пак, ќе ги презентира годинашните стрип-публикации во издание на скопски „Стрип квадрат“, меѓу кои и магазинот „Деветка“.
Балканската смотра на млади стрип-автори во Лесковац, најстара и најмасовна стрип-манифестација во регионот, ќе се одржува до 1 јули.
Актуелната македонска стрип-сцена во рамки на смотрата ќе биде претставена и на трибина утре, а покрај спомнатите стрип-автори од Македонија, специјален гостин на манифестацијата ќе биде и Ласко Џуровски.