Во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, издавачката куќа „Готен“ вечер од 20 часот во Кино Култура организира разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина, кој овој месец е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на оваа издавачка куќа.

Драго Гламузина (Вргорац, 1967) дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб. Работел како новинар, а сега е главен уредник во издавачката куќа „Ве-бе-зе“ од Загреб.

Пишува поезија и проза. На македонски јазик му се преведени четири книги: збирките поезија „Месари“, „Тоа ли е сè“, „Еверест“ и романот „Три“. За збирката „Месари“ ја добил наградата „Владимир Назор“ и „Квирин“, а за романот „Три“ - наградата на „Т-портал“ за најдобар хрватски роман во 2008 година.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 14:25