Охриѓани и гостите од понеделник наплатата за паркинг во градот треба да ја вршат со смс пораки на телефонскиот број 144 644.

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ соопшти дека од 2 јули почнува да се применува зонско паркирање, согласно одлуката на Советот на општина Охрид донесена на 14 јуни годинава.

- Сите граѓани на Охрид, гости и посетители ги известуваме дека од понеделник ЈП „Билјанини Извори“ ќе врши наплата на паркирањето од 7 часот и 30 минути до 03 часот секој ден од неделата. Наплатата ќе се врши преку СМС систем и тоа преку следниот телефонски кориснички број 144 644, се вели во соопштението.

За начинот на наплата корисиниците ќе може да се информираат од упатството поставено на инфо таблите на сите улици каде ќе се врши наплата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 14:51