Во касарната во Кичево денеска беше одбележан денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филипоски Даме. Присуствуваа командантот на Првата механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантите на единиците од составот на 1.Првата единица, претставници на единици на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата, претставници на Сојузот на борците од Кичево и Охрид, како и правни и физички лица со кои единицата има соработка. - Со оваа воена свеченост го одбележуваме патронатот на касарната Чеде Филипоски Даме. Горди сме горди што ги продолжуваме светлите традиции на нашето историско минато. Во својот краток живот народниот херој Чеде Филипоски Даме имаше бурен пат и успешна воено-политичка кариера. Од ѕидарски работник во младите години и член на партиската ќелија од 1941 година, стана командант на дивизија а потоа и член на АСНОМ, највисоко претставничко тело во тогашна Македонија. Срцето на големиот син, патриот, борец и херој на Македонија, престана да чука на 29 јуни 1945 година. За сите нас овој ден ќе остане врежан во меморијата, ден на загуба и црн ден за нашата татковина за македонското битие. Чеде загина, но остана да живее вечно во партизанските песни и легенди, во бронзата што молчи, во книгите и учебниците. Тој живее во нашите мисли и се уште постои како жива присутност меѓу сите нас, рече командантот на Четвртиот механизиран пешадиски баталјон, потполковник, Боро Латкоски. Одбележувањето заврши со тактичко - технички збор.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 15:06