Децата се технилошки писмени. Знаат што е интеренет и го користат најмногу за и игри и забава, но опасностите што се појавуваат токму во овие содржини како поп-ап банери или други фори на рекламни содржини се причина за нивна едукација.
Ова го порачува Катерина Георгиева еден од предавачите волонтери во едукативната програма „Интернетот не е само игра...кликај безбедно” што се реализираше во основни училишта на територија на град Скопје со ученици од 4-то одделение. Од февруари до јуни во учебната 2017/2018 година со Вип едукативната програма беа опфатени повеќе до 700 ученици од четврто одделение од 10 основни училишта во осум општини во Скопје.
- Навистина е зачудувачки податокот колку децата се технолошки писмени. Сериозно! Разбираат и активно учествуваат, кажуваат ситуации и поставуваат прашања кои дополнително нè уверуваат во исправноста на оваа наша едукативна мисија, вели Наташа Бошковски една од предавачите волонтери.
Од предавањето, како што посочува Катерина Георгиева, исто така предвач волонтер во проектот, се забележува дека 99 отсто од децата знаат што е интернет и во некаква форма и самостојно биле дел од светската мрежа.
- Најголемиот број од нив, Интернетот го користат за игри и забава, што е и логична појдовна точка за едукација, бидејќи токму во тие содржини децата можат да се сретнат и со првите опасности како на пример поп-ап банери или пак други форми на рекламни содржини со скриени намери. Она што постојано ги советуваме е кога едноставно не знаат што да прават во одредена ситуација на интернет, задолжително да ги консултираат родителите, за тие да ги преземат потребните чекори за заштита, вели Георгиева, предавач волонтер во проектот.
Преку програмата се сака да се научат најмладите како исправно и безбедно да користат интернет, како да ги заштитат своите лични податоци и да ги стекнат неопходните компетенции за вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.
- Среќни сме што како општествено одговорна компанија, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието на РМ го поведуваме трендот за едукација на најмладите за тема која претставува неограничен ресурс за учење и надградба на идните генерации. Успешната реализација на предавањата се потврда за исправноста на нашата одлука, да испорачуваме дополнителна вредност за сите чинители на општеството, особено за најмладите во чии раце е иднината, а се надевам дека веќе во септември ќе продолжиме и ќе опфатиме уште поголем број ученици, изјави Елена Ристовска, раководител на одделот за Корпоративни комуникации на Вип.
Во рамките на едукативната програма, се реализираат интерактивни предавања што се приспособени на возраста на децата, а кои се спроведуваат од страна на вработените во Вип. Преку креативен пристап и метод на учење, волонтерите го приближуваат интернетот до децата, неговото значење и големина, а особено внимание посветуваат на советите како децата да умеат да се заштитат себеси и своите лични податоци кога сурфаат на светската мрежа.
Последното предавање со кое се заокружи првата фаза од програмата беше во О.О.У. Браќа Миладиновци во Аеродром каде беа опфатени 37 ученици од две паралелки од четврто одделение.
Директорот на училиштето Тони Димов ја поздрави програмата и истакна дека проекти од ваков вид се особено важни за надополнување на формалното образование на децата, јакнење на нивните капацитети и подготовка за реалниот свет, притоа акцентирајќи ја важноста од постоењето на континуирана соработка помеѓу корпоративниот сектор и училиштата.
Програмата се реализираше во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности програмата опфати 717 четвртоодделенци од 10 основни училишта на територијата на град Скопје и тоа ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„11 Октомври“, ОУ„Коле Неделковски“, ОУ„Владо Тасевски”, “ОУ„Јоаким Крчовски“, ОУ„Вера Јоциќ“, ОУ„Ацо Шопов”, ОУ “Васил Главинов“, ОУ„ Браќа Миладиновци“ и ОУ„Кузман Јосифовски -Питу“.
Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година со предавања за децата на вработените и нивните соученици на возраст од 9 до 12 години во просториите на Вип.