Во Тетово синоќа е полицаец е повреден додека се обидувал да приведе лице барано за убиство.

МВР соопшти дека синоќа околу 21:45 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземени мерки за приведување на лицето Г.Е. (41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна во времетрање од 6 години и 5 месеци за сторено кривично дело „убиство".

Откако лицето било забележано на наведената улица како совозач во патничко моторно возило „Волксваген-Пасат“, од страна на полициски службеник била издадена наредба да се сопре возилото, но непознатиот возач со голема брзина тргнал кон полицискиот службеник и со предниот дел од возилото го удрил во пределот на десното колено.

- Потоа Г.Е. извадил пиштол кој го вперил кон полицискиот службеник и иситот од службениот пиштол испукал еден проектил кон возилото. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово, се посочува во соопштението од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 19:15