Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев останува во дресот на Арсенал.

Од лондонскиот клуб официјално потврдија за новиот договор и продолжувањето на соработката за две години.

Илиев на „Емирати“ дојде од струмичка Брегалница.

Македонскиот голман имаше одлична сезона во Арсенал и стандардно бранеше во младинскиот У23 тим со кого ја освои шампионската титула во развојната лига до 23 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 20:06