Најдобриот светски тенисер, Роџер Федерер, со нетрпение го очекува Грен слемот во Лондон. Тој се чувствува и физички и психички целосно подготвен за новиот предизвик.

-За Вимблдон не ми треба некој посебен мотив. Во случај да го изгубам мотивот за Вимблдон, тогаш сигурно имам проблем и во тој случај најдобро ќе биде да ја завршам кариерата, истакна Швајцарецот.

Федерер го освои престижниот турнир минатата година, што беше прв пехар за него на Вимблдон по пауза од цели 15 години.

Тој со вкупно осум трофеи на терените на „Ол Ингланд Клаб“ е рекордер и во негова чест организаторот ќе пушти во продажба ограничен број пешкири од специјална серија.

Вимблдон 2018 ќе се игра од 2 до 15 јули, а Феререр е прв носител.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 22:09