Користењето канабис за рекреативни цели треба да биде право на избор, сметаат дел од учесниците на панел дискусијата за декриминализација на канабисот, што се одржа денеска во Скопје.
Целта на настанот беше да се поттикне дебата за потребата од декриминализација на употребата на канабис во Република Македонија.
Пратеничката од ЛДП Јулијана Николова, во контекст на правото на избор за користење канабис за рекреативни цели, ги спомена и можностите за купување цигари, алкохол, седативи, како неказнива активност споредено.
- Може да се споредби со правото на избор на купување цигари. Исто така, имаме право да доколку сакаме и да купиме и конзумираме алкохол, можеме да конзумираме и седативи, и повторно никој нема да каже знаеш тоа е штетно. Е сега, доколку сакам да конзумирам канабис во рекреативни цели ризикувам да бидам криминалец, бидејќи поседувањето и конзумирањето е се уште криминаклна активност, рече Николова.
Пратеничката Маја Морачинин од ДОМ, пак, порача дека за ова прашање е потребна дебата и третман на начин кој ќе го овозмозможи слободниот избор на секоја индивидуа дали ќе користи канабис за рекреативни цели или не.
Како што наведе Морачинин, како лекар не поддржува употреба на психотропни состојки. Тоа, појасни, се базира на моето убедување дека едноставно за да се почувствуваме подобро или порасположени не ни се поребни психотропни супстанци, туку потребна ни е поинаква едукација во однос на зачување на психолошкото и менталното здравје.
- Без оглед на мојот став во однос на употреба на канабиос за рекретаивни цели тоа е појава која постои во Македонија и светот тоа заслужува дебата и третман на начин кој ќе го овозмозможи слободниот избор на секоја индивидуа дали ќе користи канабис за рекреативни цели или не, рече Морачинин, истакнувајќи дека се согласува со нејзината колешка Николова за правото секој граѓанин над 18 години да направи избор дали ќе користи канабис или не.
Панел-дискусијата се одржа во организација на Здружението Млади европски федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) во соработка со Здружението за канабис и зелени политики - БИЛКА.