Британскиот тенисер Енди Мареј пред почетокот на Вимблдон зборуваше за тоа колку долго планира да ја продолжи кариерата.
- Ако треба утре да ја завршам мојата кариера, ќе бидам уништен, затоа што се уште сакам да играм. Ми се допаѓа спортот. Сакам да играм, да патувам. Сакам да играм се додека можам физички да го сторам тоа. Вимблдон дефинитивно е специјален турнир за мене поради многу причини. Отсекогаш сакав да играм овде. Оваа година беше малку чудно за мене. Обично во оваа фаза од сезоната чувствував многу притисок и имав големи очекувања, но оваа сезона е сосема поинаква, изјави Мареј.
Грен слемот во Лондон почнува утре и ќе трае до 15 јули.