Британскиот тенисер Енди Мареј нема да учествува на годинашното издание на Грен слемот Вимблдон поради хронична повреда на колкот.

Двократниот победник на престижниот турнир до последен момент веруваше дека ќе се подготви за Вимблдон, но тоа не се случи.

- Жалам што морав да донесам таква одлука. Иако последниот период полека се враќав во форма, имав напредок на тренинзите, но во консултација со мојот медицински тим одлучив дека најдобро е да не настапам. Играње во три добиени сета е прерано за мојата ситуација. Продолжувам со работа и се надевам на скоро враќање на терените, изјави Мареј.

Вимблдон почнува утре и ќе се игра следните две седмици (до 15 јули).



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 00:14