Изведувачи на изворни песни и музика од Кратовскиот крај викендов настапија на фестивалот за народни игри и песни „Пеце Атансовски“ во Долнени, Прилепско.
На фестивалот групата „Весели Кратовчани“ учествуваше со репертоар од стари изворни жетварски песни од Кратовско
- Нашите „Весели Кратовчани“ учествуваа на 44-от фестивал на народни игри и песни кој ја негува изворната македонска песна „Пеце Атанасовски“ со соло настап на Злата Милошевска која доби диплома за најуспешен настап во соло, а настапи со жетварска песна „Слагна се слнце" и групата со песната Зажнеј зажнеј мори Јано - жетварска песна, Богик Стефанов во соло гајда и дует на Елица Илиева и Станка Милошевска. Сите се претставија со изворни песни, чиешто негување, се еден од приоритетите на овој фестивал, информира Драган Георгиевски, кустос-етнолог во Музеј на Кратово.
Настапот и претставувањето на Кратово на Долненскиот фестивал биле овозможени со финансиска поддршка од Општина Кратово.